Радоста е голема – шведскиот селектор ги покажа танцувачките способности (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска е овиот европски првак, откако во финалниот натпревар славеше против Шпанија со 27-26.

Радоста по големиот триумф беше голема, па селекторот Глен Солберг ги покажа своите танцувачки способности на теренот во „МВМ Арена“ во Будимпешта.

Норвежанецот е вториот селектор, по Дагур Сигурдсон (беше шампион со Германија 2016 година), кој освои европска титула со друга земја.

Швеѓаните чекаа дури 20 години за нова титула на ЕП, а со овој триумф и се одмаздија на Шпанија за поразот во финалето на ЕП 2018 година во Хрватска.