Радовиш уште се засилува: Чапов се врати во матичниот клуб!

Ракометарите на Радовиш продолжуваат со подготовките за новата натпреварувачка сезона, а ново име во составот на Љупче Мијалов е повратникот во екипата, Ристе Чапов, кој по пауза од една сезона повторно се враќа на ракометните терени.

Чапов настапува на позиција лев бек и во својата кариера освен за матичниот Радовиш, играше и за екипите на Бутел Скопје, Јуниор Кисела Вода и Пролет.

Претходно клубот го ангажираше средниот бек од Србија, Јакша Вјештица, голманот од Кичево, Кристијан Костадиновски, левото крило Дарио Јорданов, кој во Радовиш доаѓа по интернационалната кариера која ја имаше во Штокерау и Фиверс, како и левиот бек Гоце Ѓоргиевски.

Радовишани во регуларниот дел од новата сезона ќе бидат дел од групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Скопје, Голден Арт, Тиквеш, Јуниор КВ, Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.