Радовиш го комплетира тандемот на лево крило – останува и Зоран Стојановски

Тимот на Радовиш го комплетира ростерот за претстојната сезона во која успеа да избори опстанок преку бараж средбата со Шампион.

Левото крило Зоран Стојановски, кое беше еден од најдобрите стрелци на тимот, ќе продолжи да го носи дресот на радовишани и наредната сезона во Суперлигата.

Тој ќе формира тандем со Кристијан Ристов, кој исто така ја продолжи соработката. Стојановски потекнува од Борец Велес, а има настапувано и за Овче Поле.

Радовишани донесоа нов тренер, Васко Василев, а дојде и чуварот на мрежата Александар Мицев.

Претходно нови договори потпишаа Постолов, Ѓорѓиев, Паунов, Долдуров, Трајанов, Марков и Органџиев. Од клубот заминаа тројцата странци Кобеиси, Лојаничиќ и Ачимовиќ, како и првиот стрелец Ивица Илиев.