Раде Стојановиќ одново е во Македонија

Селекторот на кадетската репрезентација Раде Стојановиќ, по неколку месеци го напушти Катар и се врати во татковината.

Поради семејни причини, договорот меѓу нашиот стратег и Катар Спорт Клуб беше раскинат, па Стојановиќ одново е во Македонија.

Стојановиќ во Македонија ги водеше Металург РА и Охрид, а со кадетската репрезентација го освои ЕХФ шампионатот во Летонија минатото лето.

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија кој ги носеше дресовите на многу македонски и европски клубови, а во нагорна линија оди и неговата тренерска кариера.

Пред да замине во Катар Спорт Клуб, Стојановиќ имаше понуди и од неколку македонски суперлигаши, а дали во меѓувреме ќе седне на клупата на некој од нив, останува да видиме.