ПСЖ се засили со играч од својата академија

Францускиот шампион ПСЖ по ангажирањето на данскиот репрезентативец Јакоб Холм се пофали со ново засилување.

Станува збор за младиот ракометар Лео Плантин, кој во тимот на Раул Гонзалес доаѓа од академијата на „светците“.

Плантин игра на позицијата лево крило и во тимот на ПСЖ ќе настапува најмалку до јуни, 2025 година.

20-годишниот ракометар во изминатата сезона доби шанса да настапи на неколку натпревари во сениорскиот дрес на ПСЖ.

Гонзалес и неговите избраници за еден од ривалите во Лигата на шампионите го имаат и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Најбогатиот европски клуб во Битола ќе гостува на 11/12 октомври, додека пелистерци кон средината на месец февруари ќе го гостуваат во француската престолнина.