ПСЖ не виде мака со Порто и Митревски

Екипата на ПСЖ во рамките од 8. коло во Лигата на шампионите уште еднаш беше убедлива против Порто со 39:30 во натпревар од Групата Б. Со новата победа, ПСЖ влегува во борба за втората позиција на табелата.

Ракометарите на ПСЖ со речиси 100% реализација, по десет минути игра имаа солидно водство од плус шест, 10:4. Домаќините беа немоќни во големиот налет на гостинскиот тим, кој во првиот дел ја казнуваше секоја грешка на противникот и лесно доаѓаше до погодоци.

По дваесетина минути, избраниците на Раул Гонзалес водеа со 17:10. Ништо не се промени во последниот дел од првото полувреме. Жерар беше солиден меѓу стативите во првите 30 минути, додека неговите колеги немилосрдно даваа голови од сите позиции. ПСЖ на пауза замина со сигурна предност од 23:15.

ПСЖ во вториот дел разликата ја зголеми на највисоки десет, 28:18. Составот на Порто со серија од 4:0 намали на минус шест, 24:30, но до самиот крај беше во невозможна ситуација да направи нешто повеќе бидејќи ракометарите на ПСЖ повторно дојдоа до висока предност и уште еднаш ја покажаа својата доминација против шампионот на Португалија.

Најефикасен во победничката екипа беше Камил Шипжак со девет погодоци. Во составот на Порто, голманот од Македонија, Никола Митревски забележа три интервенции.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140