ПСЖ и Раул направија сефте во Лигата на шампионите

Ракометарите на ПСЖ предводени од Раул Гонзалез во третиот натпревар од Лигата на шампионите ја остварија првата победа. На домашен терен ПСЖ го совлада составот на Елверум со 35:29.

Фаворитот на дуелот добро започна, поведе со 3:0, но Елверум не се предаде и успеа да израмни на 4:4. Следуваше нова серија од пет последователни гола на ПСЖ и водство кое усепаја да го задржат до полувремето. По 30 минути игра беше 17:13.

Во продолжението домашниот тим го контролираше натпреварот и резултатот. Разликата се зголемуваше во корист на ПСЖ, а во 55. минути достигна највисоки девет гола, 34:25. Сепак до крајот Елверум само усепа да го ублажи поразот. Ова беше прва победа на ПСЖ после поразите од Фленсбург и Мешков Брест.

Најефикасен во победничката екипа беше Микел Хансен со осум гола, шест постигна Елохим Пранди. Во составот на Елверум, Пујол со седум гола беше најефикасен, додека поранешниот играч на ПСЖ, Лук Абало погоди четири пати.