ПСЖ и Раул ги „врзаа“ голманите – Паличка и Грин остануваат до 2025 година!

Францускиот првак ПСЖ објави дека се продолжени договорите со голманската двојка и за следната натпреварувачка сезона.

Шпанскиот стратег Раул Гонзалес и раководството се задоволни од учинокот на Јаник Грин и Андреас Паличка, па клубот им понуди нови соработки.

Данскиот и шведскиот голман ќе останат во француската престолнина со новиот договор најмалку до 2025 година.

ПСЖ не претрпе големи промени ова лето, заминаа само Даинис Кристопанс и Хенрик Тофт Хансен, а дојдоа Кент Робин Тонесен, Рубен Марчан и Јакоб Холм.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!