ПСЖ искористи шанса, го наполни голот на Динамо за прв триумф

Екипата на ПСЖ одигра одличен натпревар и во 2. коло победи на домашен терен со 41:30 против Динамо Букурешт со што дојде до првите бодови откако во минатото коло остана без поени.

Гостите од Романија на овој дуел беа без тренерот Чави Пасквал и без тројца од ракометарите кои имаа позитивни тестови на Ковид 19. Иако вториот тест беше негативен не сакаа да ризикуваат, па ослабени играа кај ПСЖ што беше шанса уште во првото полувреме шампионот на Франција да направи огромна предност.

ПСЖ создаде плус десет после 30 минути игра, 21:11 така што вториот дел беше формалност. Оваа разлика од првиот дел добро покажува каков беше распоредот на силите. Во вторите 30 минути само беше доработена задачата и во неа беше додаден уште еден погодок на предноста за конечни 41:30 со што ПСЖ дојде до висока победа за први бодови.

Ова беше натпревар на кој шест гола постигна Феран Соле, а по пет имаа Ремили, Шипжак и Хансен. Во Динамо Букурешт шест погодоци имаше Кампос, а пет Пасквал Гарсија.

В среда тимот на ПСЖ му гостува на Флензбург, додека Динамо в четврток го пречекува Порто.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140