ПСЖ има нов десен бек, Кристопанс добива конкуренција (ФОТО)

Екипата на ПСЖ продолжува да го подновува тимот, а нов ракометар е Унгарецот Доминик Мате кој ќе биде конкуренција за за Даинис Кристопанс од следното лето на позицијата десен бек.

Ракометарот на Елверум, кој беше најефикасен во последната сезона во Лигата на шампионите и постигна 59 гола на 15 средби ќе дојде од следната сезона во редовите на шампионот на Франција. Тој има договор на уште една година со тимот од Норвешка, а во ПСЖ треба да биде замена за Недим Ремили.

Како што е познато, Ремили заминува во Келце, а тоа значи дека Кристопанс би останал единствен десен бек. Затоа во ПСЖ брзо реаиграа и потпишаа со Мате, па тој доаѓа на негово место и ќе биде негова замена и конкуренција за Кристопанс.

Станува збор за играч кој има 22 години и за играч на кој ќе може да се смета во подолг период. Сепак, првиот договор е на две години и доколку се покаже во добро издание сигурно ќе добие и продолжување на договорот после 2024 година.