Прошетка низ Европа – Каде ракометот мирува, а каде уште се игра

Голем дел од натпреварите низ Европа односно лигите се комплетно одложени. Повеќето земји се решија на ваков чекор, а меѓу нив е и Македонија каде што вчера дојде одлука за одлагање на сите натпревари за две недели.

Според она што во моментов е познато најдолго ќе се чека за Бундес лигата, но не е исклучена и можноста за поместувања и кај некои од другите првенства бидејќи ги има многу кои добија нови термини.

Веќе се споменува и нов термин за Ф4 турнирот во Келн, а засега се чека на информација што би се случило со Ф4 во Сеха.

Оттаму носиме преглед на досега одложените натпревари, како и преглед за повеќето лиги околу тоа како се играат натпреварите доколку уште не е дојдено до одлагање подари Корона вирусот.

Германија: Прекин на натпреварите до 22 април/Одложен и Ф4 во Купот.

Франција: Прекин на натпреварите до 5 април/Одложен и Ф4 во Купот.

Данска: Прекин на натпреварите до 25 март/Ф4 од Купот одложен за 9 и 10 мај.

Шпанија: Прекин на натпреварите до 23 март.

Македонија: Прекин на натпреварите до 27 март.

Португалија: Прекин на натпреварите до 29 март.

Австрија: Прекин на натпреварите до 3 април.

Хрватска: Прекин на натпреварите до 1 април.

Полска: Прекин на натпреварите на неодредено време.

Словенија: Прекин на натпреварите на неодредено време.

Србија: Натпреварите се играат без публика.

Норвешка: Првенството е прекинато.

Шведска: Регуларниот дел од сезоната се игра без публика. Одлуката за плеј-офот и плеј-аутот ќе биде донесена денеска.

Швајцарија: Одлуката за идните натпревари од првенството ќе биде донесена денеска.

Исланд: Засега натпреварите се играат според предвиденото и со публика.

Квалификации за ОИ: Можно е одлагање. Засега е познато дека ќе се играт без гледачи.

Ф4 во Лига на шампиони: Алтернативниот датум за турнирот во Келн е 22 и 23 август доколку нема можност да се одржи во предвидениот термин.

Ф4 во СЕХА лига: Уште нема ништо официјално за Ф4, а четврт-финалните дуели се играат без публика.

БЕНЕ лига: Ф4 турнирот е одложен.

Балтичка лига: Одложена на неодредено време.