„Против Македонија сме играле многупати, ама на ЕП ќе им подготвиме изненадување“

Црногорскиот селектор, Зоран Рогановиќ заедно со неговите избраници во рамките од ЕХФ неделата ќе учествуваат на турнир во Тунис каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

Црногорскиот стратег посакува да направи изненадување на Европското првенство во Унгарија и Словачка. За таа цел, контролните натпревари со Тунис, Швајцарија и Зеленортските острови ќе бидат вистинска проверка на силите.

,,Иако досега многупати сме играле со Словенија и Македонија, како и со Данска, мислам дека треба да дојдеме на ЕП со изненадување и нови тактички детали. Натпреварите на турнирот во Тунис ќе ни бидат добри за да пробаме нешто ново, а потоа ќе се собереме во Подгорица од 20 до 24 декември со момците од поширокиот список, ќе се обидеме да ја прошириме листата на кандидати и да имаме 16 добри играчи за Европското првенство”, изјави Рогановиќ.

На Европското првенство 2022, Црна Гора е во група заедно со Македонија, Словенија и Данска. Црногорците првиот натпревар на европскиот шампионат ќе го одиграат против репрезентацијата на Данска, додека со Македонија ќе се соочат на 15 јануари.