„Против Вардар не смее да има опуштање во ниту еден момент“

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го играат натпреварот против унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Унгарија, Бенце Баниди, во изјава за клупскиот сајт смета дека не треба да има опуштање против „црвено-црните“ на возвратниот дуел.

„Успехот постигнат во Скопје може да ни даде огромна сила. Покрај тоа, фактот дека победивме два пати по ред беше многу важен за нашата душа. Беше неверојатно добро чувството да се радуваме заедно во соблекувалната, бевме среќни откако го совладавме Вардар. Од вторникот сме фокусирани само на мечот во Сегед, бидејќи во одиграниот натпревар во Скопје се покажа дека не треба да се опуштиме во ниту еден момент“, изјави Баниди.

Првиот натпревар одигран во Скопје заврши со победа на екипата од Унгарија со резултат 28:26. Баниди беше најефикасен во својата екипа со шест погодоци.

Натпреварот помеѓу Пик Сегед и Вардар се игра денес, а терминот е 18:45 часот. Моментално Пик Сегед во А групата се наоѓа на 5. место со осум освоени бодови.