Швајцарците ќе штедат: Нема публика – играме во мала сала со Македонија!

Швајцарската ракометна федерација направи промена на местото на одигрување на квалификацискиот натпревар против Македонија од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.

Швајцарија на место во „Босард Арена“ во Цуг, која има капацитет од 7.200 гледачи, ќе ја пречека Македонија во Шафхаузен во „ББЦ Арена“, која што е многу помала и каде што игра шампионот Кадетен.

Иако требаше да се игра во Цуг, и Швајцарците пуштија во продажба 3.800 билети, сепак најновата одлука на тамошните власти за забрана на собири со повеќе од 50 луѓе, ја принуди федерацијата да направи промена на градот и салата.

Покрај финансискиот фактор, федерацијата се решила за Шафхаузен поради тоа што двете селекции ќе бидат сместени во хотел веднаш до салата и нема да има потреба за трансфер, како и поради тоа што во „ББЦ Арена можат најлесно сите препорачани мерки.

Натпреварот останува да се игра во истиот термин, на 7 ноември од 18:30 часот.