Пролет со нов пивотмен – потпиша Антонио Николовски

Екипата на Пролет го комплетираше и вториот трансфер во овој преоден рок откако успешно ги финишираше преговорите со Антонио Николовски.

Станува збор за 24-годишен ракометар кој настапува на пивотменската позиција, а го краси и цврстина во одбраната, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Лембанов во новата натпреварувачка сезона.

Новиот член на Пролет има настапувано за Вардар Јуниор, а ланската сезона ја почна во дресот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во таборот на Јуниор КВ.

Николовски е второто засилување за пивотменската позиција на Пролет, откако веќе беше потпишан договор за соработка и со поранешниот младински репрезентативец Филип Арсеновски.

Во меѓувреме беа продолжени договорите со Палевски, Михаљевиќ и со Петковски, а управата на клубот ќе продолжи да работи на комплетирање на играчкиот кадар за наредната натпреварувачка сезона