Пролет се засили, потпиша со ракометар од Олимпијакос

Како што најави 24 Ракомет за екипата на Пролет во продолжение на сезоната ќе настапува и играч кој е по потекло од Србија, но со државјанство и од нашиот јужен сосед.

Екипата на Пролет, која досега важеше како тим во кој ретко има интернационалци денеска го објави засилувањето од редовите на Олимпијакос, Ѓуро Мујиќ. Роден е во 1992 година во Нови Сад. Во кариерата има играно за Диомидис Аргус, Аурикс, Гаети и Олимпијакос.

После две години во клубот од Атина тој се одлучи  одново да замине од Грција, па сега ќе биде засилување за бековската линијна на Пролет 62.

Се работи за искусен играч кој би требало да донесе квалитет плус во редовите на Пролет.