Пролет заврши сè за 30 минути против Гранољерс, реваншот е формалност

Екипата на Пролет претрпе тежок пораз уште на првата средба против Гранољерс со 21:36 и веќе е и повеќе од јасно дека утре реваншот во 1. коло од Лигата на Европа ќе биде само формалност.

После 30 минути отпор во кои резултатот беше 11:16 во продолжението од средбата на теренот како да имаше еден тим кој беше двојно порасположен. Пролет успеа да парира извесно време, а потоа дојде до израз разликата во квалитетот.

Петте гола разлика почнаа да се зголемуваат. Во второто полувреме разликата порасна за нови десет гола при што Пролет не можеше да следи. Тимот на Гранољерс успеа да направи голема позитива и дојде до 20:10 во вторите 30 минути и реши сè денеска така што утре ќе биде само збогување со уште една сезона во која двете средби беа одиграни далеку од Скопје.

Уште една сезона беше одиграна на гостување така што ништо ново во однос на тоа дека се отпаѓа уште на почетокот од игрите со прерана капитулација.

Инаку реваншот утре е од 17:30 часот.

ПРОЛЕТ – ГРАНОЉЕРС                21:36 (11:16)

Сала: Палата на спортовите во Гранољерс. Судии: Михаи Маријан Пирву и Раду Михаи Потирниче од Романија.

ПРОЛЕТ: Цветковски (6 одб., 1 сед.), Петковски (3 одб.), Ивановски, Аларов 2, Манев, Пецаковски 3, Додевски 1, Димов, Андоновски 3, Џонов, Мајнов, Крстевски 1, Голубовиќ 3, Фичороски, Палевски 4, Пејовиќ 4.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 8 мин.

ГРАНОЉЕРС: Да Роса (13 одб., 1 сед.), Томас (1 сед.), Перез Лопез 1, Гури 1, Х. Маркез 9, Валера 5, А. Маркез 2, Салинас 2, Мартинез 3, Арменгол, Де Санде 4, Реј Моралес 2, Ромеро, Амиго 1, Франко 1, Гарсија Робледо 5

Седмерци: 5/6, Исклучувања: