Андоновски е херојот, Пролет го доби трилерот со Охрид

Екипата на Пролет на свој терен го изненади амбициозниот Охрид во натпревар од 5. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата, триумфираше со 27:26 во неизвесен финиш. Херој на Пролет беше искусниот Ласко Андоновски, кој со гол во последните секунди обезбеди птв триумф на својот тим.

Воведниот дел од дуелот во спортската сала „Македонско Сонце“ донесе израмнета игра на двете страни. По 4:4, следуваше одличен налет на избраниците на Андоноски, кои со серија од 3:0 стигнаа до предност од 7:4.

Охриѓани до 25 минута имаа контрола на резултатот, на моменти водеа и со максимални четири гола разлика, 10:6, но како одминуваше времето тимот на Пролет ја топеше предноста. Одличната игра на Охрид се растури за само неколку минути игра и откако гостинот поведе со 11:8, домаќините пред паузата направија целосен пресврт, постигнаа четири гола и го презедоа водството во свои раце, поведоа со 12:11.

Пролет предводен од Василевски успеа да биде подобар во завршниот дел од полувремето и во играта гол за гол подобро се снајде и на пауза замина со активен резултат од 14:13.

Членот на Пролет, Палевски со својот прв гол го отвори второто полувреме и на својот тим му донесе ,,плус два” 15:13. Следуваше период, во кој домаќинот водеше со два гола разлика, а во 37 минута со двајца играчи помалку успеа да зголеми на највисоките дотогаш ,,плус три” 18:15.

Домашниот тим до 45 минута имаше стабилна игра и потоа Охрид со неколку мини серии успеа да направи камбек, израмни на 21:21. Избраниците на Лембанов водеа со 23:21, но тимот на Охрид повторно се врати во игра, најпрво израмни на 23:23, а потоа по подолго време поведе со 24:23.

Во последните десет минути беше јасно дека ќе одлучуваат нијанси, нерешено беше во 52 минута (24:24), следуваа два гола на Охрид за 26:24 и гостинот во желбата да дојде до три бода не успеа да ја задржи предноста.

Ракометарите на Пролет на речиси три минути пред крајот дојдоа до 26:26 и не реализираа напад за водство. Андоноски во последната минута побара тајм-аут, неговите избраници избрзаа и им подарија топка на домаќините, кои во последните секунди со голот на Палевски дојдоа до триумф од 27:26. За Охрид немаше доволно време за реми.

Предводник во победничката екипа беше Александар Василевски со девет погодоци, четири реализации имаше средниот бек Томислав Димковски. Листата на стрелци кај Охрид беше предводена од Гал Цирар со седум и Стефан Дрогришки со пет постигнати гола.