Пролет ги казни грешките на Тиквеш, со нов триумф остана зад најдобрите

Ракометарите на Пролет дојдоа до победа од 31:26 против Тиквеш, во натпревар со два директни црвени картони уште на средина од првото полувреме. Домашните беа подобри во клучните моменти и знаеја како да ги казнат грешките на противникот така што на крајот ги зачуваа бодовите.

Од почетокот на натпреварот екипата на Пролет наметна свое темпо. Гостите од Кавадарци 12 минути не можеа да дојдат до погодок. За ова време домашните веќе водеа со 4:0 и овој резултат најави убаво продолжение на средбата за домашниот тим.

Првиот гол за гостите го постигна Кондев во 12. минута, но предноста постојано беше во корист на Пролет. На моменти нервозата доаѓаше до израз односно избиваше на површина, па на почетокот на 16. минута дојде и до размена на по некој удар. Во борба за топка Палевски и Стефановиќ беа жестоки, па тоа ги внесе во мешаница и сите ракометари.

Најдебелиот крај го извлекоа оние кои ја почнаа мешаницата. И двајцата завршија на трибините, па средбата продолжи без проблеми после прекинот кој траеше 3-4 минути.

Сепак, овој прекин како да им одговараше повеќе на гостите кои фатија приклучок и успеаја до крајот на првиот дел да издржат на ниска негатива и на одмор да биде 13:12.

Вториот дел продолжи во ист ритам. Пролет го имаше водството и контролата на резултатот, но немаше сигурност дека ќе може лесно да дојде до триумф. Мораше да се одработи добро на овој дуел за да се дојде до потребниот резултат. разликата се движеше од еден до три гола.

Имаше жестоки дуели, но во граница на нормалното така што беше јасно дека нијанси ќе одлучуваат на крајот. Сепак, на пет минути до крајот, домашните како да го засилија темпото. Најдоа начин да одиграат добро во одбрана и да казнат во напад, па се изборија за 28:24.

До крајот предноста беше задржана, а тимот на Тиквеш мораше да се помири со нов пораз. Ракометарите на Пролет знаеја како да го зачуваат водството и да дојдат до триумф со кој остануваат во горниот дел од табелата.

2 октомври 2021
31 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 октомври 2021 19:20 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 02.10.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1331Победа
ТИКВЕШ 20141226Пораз

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот04
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек24
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
12Матеј Ивановскиголман00
13Мартин Димовдесно крило04
15Ласко Андоновскицентрален бек06
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек03
19Доне Мајновдесен бек01
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек05
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило11
99Жарко Пејовиќцентрален бек13
 Вкупно 431

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Дарко Кондевлево крило02
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек10
12Марјан Велковголман00
14Марио Гичевцентрален бек21
15Борче Соколовцентрален бек00
17Никола Стефановиќпивот10
18Евгениј Темелкоскидесно крило07
19Дејан Гошевскидесен бек01
22Стефан Трпчевскидесен бек04
26Ристо Окардовпивот02
33Страхиња Симиќцентрален бек05
44Марко Трајковскипивот10
77Јане Јанчевцентрален бек04
 Вкупно 526

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515