Проклетството продолжува: Исто како лани, Еурофарм Пелистер пак загуби со гол разлика

Тимот на Еурофарм Пелистер во последните две години игра добро на меѓународна сцена, но факт е и тоа дека стана тим кој кога ги губи натпреварите тоа најчесто го прави со само еден или два гола разлика.

Во минатата сезона имаше четири такви порази во групната фаза од Лигата на шампионите, а сега им е додаден уште еден пораз на тој список.

После поразите дома од Спортинг и Татран Прешов и од Савехоф и Бидасоа Ирун на гостувањата ова беше уште еден пораз на кој моменти беа во прашање. Се работеше за нијанси во кои малку недостигаше составот на Еурофарм Пелистер да успее да дојде до многу подобар резултат.

Денеска недостигаше малку среќа, малку повеќе концентрација и најважно нешто повеќе искуство во вакви ситуации. Недостигаат официјални натпревари кои кај овие ракометари ги немаше од стартот на сезоната. Тие само се подготвуваа и играа контроли, па тоа дојде до израз против составот на ГОГ Гудме кој е во подобра и подолга натпреварувачка форма.

Инаку, во последните две сезони тимот на Еурофарм Пелистер имаше и два порази од два гола разлика, а во продолжение можат да се видат сите вакви порази на битолчани во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

МИНИМАЛНИТЕ ПОРАЗИ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ВО ЕВРОПА

ПОРАЗИ ОД ЕДЕН ГОЛ РАЗЛИКА

15 СЕПТЕМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СПОРТИНГ      29:30

Јотиќ 5, Остроушко 5 – Јонеа 10

18 СЕПТЕМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

САВЕХОФ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР         25:24

Карлсон 5, Сунајко 5 – Јотиќ 8

29 СЕПТЕМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

БИДАСОА ИРУН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР           26:25

Новеља 8 – Остроушко 9

20 ОКТОМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ         23:24

Отроушко 8 – Рабек 7

27 ОКТОМВРИ 2020 (ЛИГА НА ЕВРОПА)

ГОГ ГУДМЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР     30:29

Јакобсен 9 – Мандалиниќ 11

ПОРАЗИ ОД ДВА ГОЛА РАЗЛИКА

2 НОЕМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ТАТРАН ПРЕШОВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР         31:29

Рабек 10 – Остроушко 8

20 НОЕМВРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

КОКС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР  23:21

Таминен 6 – Јотиќ 5