Проектилот на Лазаров преку „жив ѕид“ – номиниран за најубав погодок во Франција (ВИДЕО)

Во Франција заврши првенството пред две седмици, а ПСЖ предводен од Раул Гонзалес беше прогласен за шампион.

Нант и Кире Лазаров беа на второто место и многу веројатно догодина ќе играат во Лигата на шампионите.

Медиа тимот на француската лига, го прави изборот на најдобрите во минатата сезона, Лазаров не е номиниран за најдобар десен бек, но неговиот победнички гол на дуелот со Шамбери преку „жив ѕид“ по истекот на времето е номиниран за најубав.

За погодокот на Лазаров може да гласате на слендиот ЛИНК.