Пристигна како навивач во Шпанија, а сега игра на Мундијалот!

Ракометарката на Хипо, Нора Лајтнер на Светското првенство во Шпанија пристигнала како навивач на својата репрезентација, но поради тоа што неколку ракометарки на Австрија беа позитивни на ковид 19, стручниот штаб на австриската репрезентација реши експресно да ја стави во националниот тим, пишува „Брз Центар“.

Таа под итно била додадена во репрезентацијата по старниот натпревар од прелиминарната фаза, во која Австрија успеа да оствари победа против Кина со резултат 38:27.

19-годишната ракометарка планирала во вторникот да ја напушти Шпанија и да се врати во Австрија бидејќи била во приватна посета како навивач. Сепак, по завршувањето на натпреварот со Кина, таа била забележана на трибините и веднаш добила среќна вест дека ќе настапува на Светското првенство.

Лајтнер во репрезентацијата на Австрија беше на списокот од 35 потенцијални ракометарки за настап на Мундијалот во Шпанија, но при составувањето на конечната листа не доби место меѓу најдобрите. Тоа што беше ставена меѓу 35 ракометарки и овозможи да настапува на Светското првенство во Шпанија. Со нејзината репрезентација избори учество во главната фаза.