ПРИЛЕП 2023: Стартува осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Градот под Марковите Кули од денес, па до 28 август, ќе биде домаќин на осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Освен домашната екипа, учесници од Македонија ќе бидат уште Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Мулти Есенс, Струга и Скопје.

На турнирот ќе настапат и две странски екипи. Станува збор за актуелниот бранител на титулата, тимот на Дубочица од Лесковац, како и за редовниот учесник на европска сцена, финскиот прволигаш Кокс.

Осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе биде отворено со дуел меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.

Натпреварите ќе се играат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Влезот за сите љубители ќе биде бесплатен.

Распоред на денешните натпревари на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Пролет

16:00 Скопје – Дубочица

18:00 Прилеп – Струга

20:00 Кокс – Мулти Есенс