Прилеп се засили со млад ракометар

Новиот суперлигаш Прилеп е активен на трансфер пазарот и го склопува играчкиот мозаик пред новата сезона.

Откако беше решено тренерското прашање и на клупата ќе бидат Горан Кузманоски и неговиот помошник Адријано Котевски, тимот почна да носи нови играчи.

Најпрво беа донесени двајцата грузиски репрезентативци – голманот Зураб Цинцадзе и десното крило Реваз Чантурија, а денеска договор потпиша уште еден играч

Станува збор за Сашко Манчески, кој има 17 години и доаѓа од екипата на Макалоски, а настапува на позицијата кружен напаѓач.