Прилеп отвори со победа на 6. Меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Првиот натпревар на 6. Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп го одиграа екипите на Прилеп и Струга, a домаќинот стартуваше со победа од 26:22.

Натпреварот почна многу израмнето, а најчесто се играше гол за гол со минимална предност на едната или другата екипа. Во финишот на првиот дел Прилеп успеа да обезбеди водство на полувреме од 12:10.

На почетокот на втроиот дел Струга израмни на 13:13 и најави голема борба во продолжението. Следуваше период во кој Прилеп ја врати предноста која ја имаше во поголемиот дел од мечот и водеше со 16:14.

До крај на натпреварот без многу проблеми Прилеп стигна до сигурна победа и успешно го отвори турнирот. Веќе утре двете екипи ќе имаат нов предизвик, и двата тима ќе се сретнат со екипата на Тиквеш.