Прилеп мисли на иднината – донесе младинец од својата школа!

Екипата на Прилеп полека го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Ново засилување во тимот на Мојсов е младиот и перспективен ракометар Давид Трајкоски, кој настапува на позицијата лево крило.

18-годишниот ракометар во Прилеп пристигнува од младинската школа на клубот, а претходно има настапувано и за РК Филип.

Прилеп претходно го промовираше новиот тренер Божидар Мојсов, десниот бек Пеце Рајатоски, средниот бек од Црна Гора – Драган Јелушиќ, голманот Давид Ацевски, пикерот Томче Трајчевски и левиот бек Никола Цветаноски.

Договорите со амбициозниот суперлигаш ги продолжија Антонио Бурчески, Иван Ангелески и Христи Бикоски.