Прилепчанки ја оправдаа фаворитската улога, со победа се враќаат од Скопје

Ракометарките на Деспина очекувано стартуваа со победа во новата сезона на гостувањето кај Кузман Вардар Илинден откако дојдоа до триумф од 37:24.

Прилепчанки беа во постојана предност и во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање. Почнаа да ја градат позитивата во првиот дел коа имаа 19:11, па овие осум гола допринесоа за мирно продолжение.

Во вториот дел контролата на играта беше доволна да може да се продолжи сигурно кон триумф. Разликата растеше, па стана и двоцифрена за на крајот да се обезбеди 37:24 за три бода на стартот од новата сезона.

Деспина е еден од тимовите кои се кандидати за место во плеј-офот, додека Кузман Вардар Илинден ќе има тешка задача за да дојде до бодови.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ДЕСПИНА           24:37 (11:19)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Божидар Јованов и Пепи Димков од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Атанасова 2, Стојамновска 4, Јовевска 3, Петковска 1, Ангеловска, Петровска, Стојановска, Насковска, Милевска, Кириловска, В, Ангеловска 7, Додевска 3, Стојчевска, Ј. Ангеловска 4, Симоновска

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 8 мин.

ДЕСПИНА: Гулеска, Ел. Рипилоска, Ева Рипилоска, Камческа 3, Цветкоска 4, Спиркоска, Ристевска, Димитрова 3, Петреска, Богојеска 2, Чурлиноск, Еленин 8, Цаневска 3, Седлоска 8, Димоска 1, Бечирхоџиќ 5

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 2 мин.