Прилепчани во новата сезона ќе играат во Универзалната сала?

На стартот од подготовките за новата сезона екипата на Прилеп работи на отворено, но за неколку дена според протоколот ќе следува работа и во салата. Според информациите првично ракометарите ќе работат во салата Р. Р. Ричко, но во скоро време може да се случи еден клуб конечно да се врати во легендарната Универзална сала.

„Ќе работиме во Р. Р. Ричко каде што се преземани сите мерки. После тренинзите на отворени тренинзите во сала ќе почнеме да ги одработуваме таму. Сепак, веќе се разговара и наскоро би можеле да добиеме дозвола за да се вратиме во Универзалната сала. Очекувам дека ќе имаме позитивни вести и можно е сезонава да се вратиме во оваа сала“, вели тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски.

Ова е салата каде што прилепчани во минатото имаа големи успеси во минатото, па истата е уште функционална само што и треба мало освежување.