Признание за одлична партија против Кил – Тимур Дибиров во тимот на колото (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ го избра идеалниот тим на 6 коло од Лигата на шампионите, во кој се најде и еден вардарец.

По одличната партија против Кил, и покрај поразот на Вардар, левото крило Тимур Дибиров е избран за најдобро лево крило.

Русинот стрелаше десет пати во мрежата на „зебрите“ и беше најефикасен вардарец на средбата со бундеслигашот.

Најдобар голман е поранешниот член на Вардар, Алжирецот Калифа Гедбан, кој со своите одбрани имаше значителен придонес во големиот триумф на Динамо Букурешт дома против Веспрем.

Најдобар лев бек е Иван Слишковиќ од Порто, среден бек Тобиас Грондал од Елверум, десен бек е Теитур Орн Еинарсон од Флензбург, најдобро десно крило е Алеиш Гомез Барса, а кружен напаѓач во идеалниот тим е Владимир Врањеш од Мешков Брест.

Погледнете ги најдобрите потези на ракометарите од идеалниот тим на овој ЛИНК.