Прешов исчезнува од ракометната мапа: Татран ќе има седиште во Луботице – село со 3.000 жители!

Словачкиот шампион Татран Прешов кој е дел и од СЕХА лигата откако направи промена на тренерската позиција, претседателот на клубот најави дека ќе биде променето и името.

Во иднина од Татран Прешов клубот ќе го промени името и ќе гласи Татран Луботице. Ова е одлука на претседателот Мирослав Хмељар, а истата ја потврди за словачкиот „Спортнет“. Луботице е село во близината на Прешов и има околу 3.000 жители.

Сепак Татран ќе продолжува да настапува во салата во Прешов, а името ќе го смени наесен, само поради тоа што од градските власти во Прешов не добива никаква финансиска поддршка.

Хмељар ги „обвини“ градските власти дека целата поддршка му ја даваат на хокеарскиот клуб, а го забораваат ракометниот клуб.

На крајот на минатата година, Славко Голужа замина од тренерската позиција, а на негово место дојде Радослав Антл што ја потврдува идејата на Хмељар на тренерската позиција да постави домашен стратег.