Преспа даде силен отпор, но Младост успеа да освои бодови во Ресен

Екипата на Младост од Богданци се врати со три бода од гостувањето во Ресен каде што ја совлада Преспа со 25:23.

Во првиот дел постојано беше неизвесно и израмнето бидејќи и двата состави имаа свои моменти и во одбраната и во нападот. Имаше резултатска тензија така што не беше можно некој да има сигурна предност за мирно продолжение од средбата.

Гостите во вториот дел направија мала предност и беа во постојана контрола. Сепак, не можеа да направат поголема предност. Имаа плус два гола во поголемиот дел од средбата пред домашните да израмнат на 23:23. Сепак, во последните две минути гостите успеаја одново да стигнат до погодок за триумф од 25:23.

ПРЕСПА – МЛАДОСТ     23:25 (12:12)

Сала: „Зоран Стојановски“ во Ресен. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Дане Ѓорѓиевски од Ресен.

ПРЕСПА: Тасевски, Милошевски 1, Божиновски, Тунтевски, Шабединовски 3, Леровски 6, Џуклевски 5, Везенковски 7, Ставревски, Мишевски 1

Седмерци: 3/5, Исклучувања:

МЛАДОСТ: Паунков, Пешков, Пеев, Михајловиќ 8, И. Роглев, Караиванов 9, Николоски 1, Н. Роглев 2, Демерџиев, Гогов 1, Чрчев 1, Стоилов, Котев, Ѓуриќ, Наумовски 3

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 4 мин.