Пресот на кој не се појави Кокшаров – го гледале 20.000 корисници на Фејсбук! (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација од оваа сезона одлучи прес конференциите по завршувањето на натпреварите од Лигата на шампионите да се пренесуваат на социјалните мрежи, па медиумите и навивачите имаат одлична можност да ги чујат размислувањата на главните актери на теренот.

По минати пет кола во машката и по три во женската Лига на шампиони, најгледана прес конференција е онаа на која за првпат не се појави главен тренер на некоја од екипите.

Едуард Кокшаров не сакаше да зборува пред новинарите, па го прати Дејан Периќ, но и покрај тоа пресот по мечот меѓу Веспрем и Вардар го гледале околу 20.000 корисници на Фејсбујк.

Во женска конкуренција најгледана досега е прес конференцијата по мечот меѓу ЧСМ Букурешт и Ростов Дон, која ја проследиле околу 17.000 корисници на Фесјбук. Вкупно досега, четврт милион луѓе ги гледале сите прес конференции од стартот на сезоната.