Пресврт во Автокоманда: Зоран Кастратовиќ ќе продолжи да го води Металург!

Откако вчера Зоран Кастратовиќ  најави оставка и заминување од кормилото на Металург, сепак денеска имаше пресврт во Автокоманда.

Црногорскиот стратег ќе продолжи да го води Металург, а тоа било потврдено на состанокот со него, ракометарите и раководството на тимот.

Од клубот не ја прифатија неговата оставка, и најавија дека тој ја има целосната поддршка за да спроведе дисциплински мерки кон ракометарите што нема да го прифатат неговиот начин на работа.

Следен предизвик за клубот ќе биде да го надомести дефицитот од пет голови против словенечкиот Горење во реванш средбата од третото квалификациско коло во Купот на ЕХФ.