Oд април во 2018 година до почетокот на септември во 2021 година поминаа речиси три и пол години, а во овој период одигра 87 натпревари на домашен терен на кои редовно победуваше со тимовите за кои настапуваше, сè до дебито за Алборг против Сондерјиске на кој ланскиот финалист во Лигата на шампионите загуби со 28:29.
Играчот кој прекина една убава серија е Арон Палмарсон, кој дојде како големо засилување од редовите на Барселона.
Исланѓанецот последен пат има претрпено пораз на домашен терен во април во 2018 година со екипата на Барселона од Гранољерс, а резултатот беше идентичен, 28:29.
Во периодот постојано се радуваше на победи, но Барселона беше доминантна во првенството. Успеа да забележи 86 победи и едно реми, но оваа серија е веќе завршена и бројките се рестартирани.