Прекината и женската лига на Франција, првото место го поделија две екипи

После одлуката за прекин на машкото првенство во Франција во кое ПСЖ е прогласен за првак, донесена е одлука за завршување на сезоната и во женска конкуренција. Таму пред прекинот беа одиграни вкупно 19 кола, а после нив нема да има шампион.

Практично првата позиција е поделена меѓу тимовите на Мец и Брест, па ова е одлука со која можат да бидат задоволни двата тима. И двете екипи имаа по 51 поен, а само гол разликата беше таа по која можеше некој да добие предност, но одлуката беше да нема шампион.

Запрена е и Втората лига, а тимовите на Сен Аман и План де Кук се селат во најсилната лига на Франција.

Според пласманот место во европските купови имаше за тимовите на Мец, Брест, Флери и Нант. Можно е пласман да обезбеди и тимот на Париз 92, но за тоа ќе се чека одлука на ЕХФ.