Пред ждрепката за Европски Куп: Ѓорче Петров носител, Куманово, Металург и Чаир во вториот шешир

Дури 59 европски тима, меѓу кои и четири од Македонија, се пријавени за учество во ЕХФ Европскиот Куп претстојната сезона.

Шампионот Ѓорче Петров, како и Куманово, Металург и Чаир ќе стартуваат од второто коло, а со оглед на тоа што во оваа фаза може да играат екипи од иста држава една против друга, значи дека е можно да има македонски дуел.

54 тима, меѓу кои и четирите македонски, ќе формираат 27 двојки во второто коло. Ѓорче Петров е меѓу носителите, ќе добие условно кажано полесен ривал, а меѓу можните ривали се и другите три тима.

Натпреварите од второто коло се закажани за 8/9 октомври и 15/16 октомври, а ждрепката ќе се одржи на 19 јули од 11:00 часот во Виена.

ЕХФ Европски Куп, 2 коло:

шешир 1: Ѓорче Петров (Македонија), Бриксен (Италија), ПАОК (Грција), Бенфика (Португалија), Валур (Исланд), Х71 (Фарски Острови), Хувента Михаловце (Словачка), Цуг (Швајцарија), Атцгерсдорф (Австрија), Макаби Рамат (Израел), Груде (Босна и Херцеговина), Луги (Шведска), Каерјенг (Луксеммбург), Азераил (Азерџејбан), Истогу (Косово), Дикен (Финска), Кобержице (Полска), Бјала (Бугарија), Латција (Кипар), Хихон (Шпанија), Наиса Ниш (Србија), Анталија Коњалти (Турција), Славија Прага (Чешка), Квинтус (Холандија), Салерно (Италија), Јонијас (Грција)

шешир 2: Куманово (Македонија), Металург (Македонија), Чаир (Македонија), Мадеира (Португалија), КА Тор (Исланд), Дунајска Стреда (Словачка), Винтертур (Швајцарија), Холон (Израел), Штокерау (Австрија), Борац (Босна и Херцеговина), Дуделанж (Луксембург), Феризај (Косово), Јарослав (Полска), Елче (Шпанија), Унирек (Холандија), Местрино (Италија), Пилаја (Грција), Алавариум (Португалија), Вестманејар (Исланд), Вестфрисланд (Холандија), Ферлах (Австрија), Понтинија (Италија), Каматеру (Грција), Јенимале (Турција), Анагениси Артас (Грција), Вествиен (Австрија), Сан Педро Сул (Португалија)