Се предлагаат нови правила: Ограничен напад од 35 секунди, воведување ВАР технологија, ракометен драфт…

Владо Шола го предводеше тимот Пекинг Универзитет во СЕХА лигата, а сега кога е распуштена екипата и тој го користи времето за одмор. И покрај слободното време Шола е активен во дискусиите за промени на правилата во ракометот со цел развој и популаризација на играта.

Еден од предлозите за ново правило за кој Шола смета дека е повеќе од потребен е ограничен напад на 35 секунди. Друг новитет кој би требало да се воведе според поранешниот голман е драфт како што посоти во НБА лигата.

„Ракометот оди кон професионализација и можеби драфт би било добро решение. Тоа би им понудило на клубовите да имаат можност да изберат некој нов млад играч. Секако подоцна би можел тој играч да биде менуван или продаван, но неопходно е нешто да се направи. Во спротивно ракометот ќе привлекува се помалку луѓе што би можело да доведе до крај на спортот кој го сакаме. Можеме да го скратиме нападот или да воведеме ВАР но доколку спортот не е конкурентен тоа воопшто нема да биде важно. Мора да се пронајде начин како“, коментираше Владо Шола.

Шола го истакна Загреб како пример за отсликување на популаризација на играта, кога екипата има ростер конкурентен за високи цели арената е полна. Додека во ваква ситуација кога составот е просечен многу е тешко да се дојде до коректна посетеност на натпреварите.