Преговорите со Карачиќ траат, до крајот на недела потпишува нов договор со Келце?

Тригодишниот договор на некогашниот вардарец Игор Карачиќ со полскиот шампион Келце истекува следното лето.

Хрватскиот репрезентативец се уште нема потпишано нова соработка со Келце, но според најавите на претседателот Бертус Сервас, тоа може да биде завршено до крајот на неделата.

Како што неодамна истакна Сервас, веројатно ќе му понуди поинакви финансиски услови и пократок договор на Карачиќ, но дека има и резервни варијанти ако не биде потпишан договор.

Келце вчера објави дека Бранко Вујовиќ ја продолжил соработката до 2027 година, но следните три сезони ќе игра во Бундес лигата во дресот на Хановер.

Од актуелниот играчки кадар, договорот освен на Карачиќ, му истекува и на шпанскиот лев бек Мигел Санчез Мигалон, но тој многу веројатно заминува од Келце.