Преглед на сите првенства во Европа – кои земји прогласија шампиони? (ФОТО)

Поради коронавирусот, многу европски федерации решија да означат крај на шампионатите во сите конкуренции. Рокот од ЕХФ за пријавување на екипи за европските купови е 1 јуни за Лигата на шампионите, а 13 јули за останатите купови.

На терен се решаваше само во Белорусија, каде шампиони станаа Мешков Брест кај мажите и Гомел кај жените. Оние федерации што се уште немаат донесено одлука, веројатно тоа ќе го сторат на зелена маса. Во Босна и Херцеговина, неколку пати се откажуваат состаноците на Управниот Одбор на федерацијата, додека се уште се чека на одлуките во Бугарија, Грузија, Молдавија и Кипар. Во Украина, секаде низ медиумите беше објавен крај на првенствата со Мотор Запорожје и Галичанка како шампиони, но од федерацијата го негираат тоа и најавуваат продолжување во јуни.

Во некои од лигите, на пример Германија или Франција, беа прогласени само шампиони кај мажите, Кил и ПСЖ, додека лидерите кај жените Борусија Дортмунд, односно Мец и Брест, останаа без титулите. Досега се прогласени вкупно 11 во машка и 9 шампиони во женска конкуренција, а најчесто федерациите за шампиони ги прогласуваа лидерите до моментот на прекинот на првенствата.

Во Македонија, РФМ реши да нема шампиони, а за местата во европските купови да важат ланските резултати.

*Во листата од членките на ЕХФ не се вклучени Албанија, Азербејџан, Ерменија, Монако, Малта, Шкотска, Велика Британија, Фарски Острови, Ирска, Лихтенштајн, Косово, Андора