Прв интернационaлен предизвик: Кристијан Ташевски се сели во Белгија

Во следната сезона Македонија добива уште еден млад ракометар што ќе игра во странство.

Станува збор за кружниот напаѓач Кристијан Ташевски, кој потпиша договор со белгискиот клуб Атомикс, со кој ќе се натпреварува во регионалната БЕНЕ лига и во белгискиот шампионат.

Ташевски, кој е поранешен македонски репрезентативец во младинските категории, минатата сезона ја мина во тимот на Работнички.

Покрај Работнички, кружниот напаѓач има настапувано и за тимовите на Аеродром и Металург РА.