Првпат во историјата, репрезентација без победа оди во вториот круг на СП

Светското првенство во Египет по многу работи е единствено во историјата, а ќе остане запаметено по еден историски податок кој досега се нема случено на Мундијалите.

Уругвајците имаат два порази во првите два дуела од Германија и Унгарија, но и покрај тоа ќе играат во главната фаза на првенството. Во третото коло тие службено ќе ги добијат бодовите и без победа на терен ќе одат понатаму.

Репрезентацијата на Капе Верде поради проблемите со коронавирус во своите редови предвреме го заврши својот дебитантски настап на Мундијалот, а тоа најмногу ја израдува селекцијата на Уругвај која стигна до историски успех.

На тој начин репрезентацијта на Уругвај за првпат во својата историја ќе го помине првиот круг. Иако во главната фаза ќе имаат три тешки натпревари на кои веројатно ќе запишат порази, сепак ова за нив ќе биде неверојатно искуство.