Прволигашите на контрола, одлучи само еден погодок

Две екипи кои се дел од плеј-оф лигата во Првата машка лига, Аеродром и Драчево имаа контрола пред почетокот на сезоната, а одиграа интересен натпревар кој заврши со резултат 29:28.

Победата им припадна на ракометарите на Драчево, а резултатот е доволно добар показател дека во плеј-оф лигата во прволигашката конкуренција ќе биде доста израмнето и возбудливо на секој дуел.

Практично нема да има натпревар на кој ќе има опуштање, па на секоја средба во Првата машка лига ќе има надигрување за секој бод.

Инаку, во Првата лига само првопласираниот тим ќе обезбеди бараж за пласман во Супер лигата така што ќе има дополнително уште една средба после завршувањето на сезоната.