Прва радост за Борец, совладан тимот на Јехона

Ракометарите на Борец стигнаа до првата победа во 7. коло од групата 2 во Првата лига. Составот од Велес беше подобар од Јехона со 35:34.

Домашната екипа имаше подобро издание во првиот дел и постојано го имаше водството. Со добра завршница Борец успеа да направи убава предност пред продолжението. На полувреме беше 21:17.

Јехона поквалитетно го отвори второто полувреме и успеа многу брзо да ја анулира негативата. Прв пат беше израмнето при резултат 22:22, но многу брзо Борец со серија 4:0 ја врати предността и до крај успеа да ја задржи за прв триумф.

Најпрецизен во победничкиот тим беше Лазар Стојанов со девет гола, веднаш до него беше Јованче Јордановски со осум погодоци. Во составот на Јехона најмногу се истакна Стефан Бошковски со осум гола.

БОРЕЦ – ЈЕХОНА  35:34(21:17)

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Гледачи: 500. Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје. Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

БОРЕЦ: Крстевски 1, Димов 1, Митушев, Мазнев, Чаушевски, Крстевски 4, Андоновски 2, Стојанов 9, Мартинов, Јордановски 8, Јаневски 4, Сиљанов 5, Јаневски, Ристевски, Димевски 1.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 18 мин.

ЈЕХОНА: Јонузи, Илиевски, Живковски 1, Бошковски 8, Костовски 6, Џафери 4, Јовановски 2, Салиу 3, Илијески, Селмани 1, Столески, Амети, Дуковски 3, Давидовски 6.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 14 мин.