Прва машка лига: Нови пресметки кај прволигашите, но главните дуели се утре

Екипите кои се натпреваруваат во Првата лига денеска и утре ги играат новите дуели, а според програмата следува 8. коло во Групата 1 и 6. коло во Групата 2.

Ова ќе бидат нови надигрувања во обид да се дојде до подобра позиција бидејќи сите се во борба за обезбедување на подобро место во трката за пласман во главната група која ќе го даде одговорот за тимот што ќе може да игра следната сезона во Супер лигата.

Според тоа како се одвиваат работите за очекување е ова да биде интересно коло, а главното се очекува меѓу Македонија Ѓорче Петров и Астраион во Групата 1.

Во Групата 2, Тиквеш го пречекува составот на Аеродром и влага како фаворит на оваа пресметка.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО

САБОТА, 16 НОЕМВРИ

19:00ч

ПРИЛЕП – МРК КУМАНОВО

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.

НЕДЕЛА, 17 НОЕМВРИ

13:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

17:00ч

РИНИА М – РК АЛУШОВСКИ

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

18:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТРАИОН

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Астраион 16 бода (175:127); 2. Прилеп 15 (215:153); 3. Куманово 14 (201:164); 4. Јуниор Кисела вода 12 (160:143); 5. Македонија Ѓорче Петров 12 (195:190); 6. Вардар Неготино 9 (183:195); 7. Текстилец 2 (166:209); 8. Риниа М 1 (146:223); 9. РК Алушовски 0 (166:203).

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

САБОТА, 16 НОЕМВРИ

14:00ч

ПАРТИЗАН  – ГРК БОРЕЦ

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

19:00ч

ЈЕХОНА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: „Риниа“ во Гостивар. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Васко Дјаковски од Кичево.

НЕДЕЛА, 17 НОЕМВРИ

14:00ч

ПРЕСПА – КЛ 7

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

18:00ч

ГРК ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

ТАБЕЛА: 1. ГРК Тиквеш 15 бода (169:101); 2. КЛ 7 Лазаров 12 (149:110); 3. Аеродром 9 (147:136), 4. Младост Богданци 9 (120:120); 5. Преспа 9 (130:126); 6. Јехона 6 (129:150); 7. Партизан 0 (112:141); 8. Борец 0 (96:178).