ППД Загреб бара прекин на сезоната – Нексе сака првак на терен

После само едно одиграно коло од плеј-офот во првенството на Хрватска, дојде до незгодна ситуација во која од тимот на ППД Загреб дојде до предлог за прекин на сезоната.

Според писмото кое беше упатено до клубовите кои се дел од Премиер лигата од страна на Загреб целта е да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид 19. Барањето е доставено и до Хрватскиот ракометен сојуз.

Сепак, ова наиде на реакција од тимот на Нексе, а во дел од соопштението стои:

„Нексе апелира новиот шампион на Хрватска да не биде одлучен на зелена маса туку во ракометните сали. Нексе апелира да не си играме епидемиолози и доктори туку да се држиме до одлуката на раководните лица за Цивинла заштита на Република Хрватска според кои се дозволени натпревари и тренинзи од нашиот спортски ранг. Апелираме Хрватска да не биде земја случај во европскиот ракомет бидејќи се играт и европски натпрварувња и ракометни првенства во сите европски земји со исклучок на Словенија каде што има десетдневен прекин“ стои во подолгото соопштение од тимот на Нексе.

Во екипата на ППД Загреб има голем број на заразени ракометари и поради тоа не беа одиграни средбите против Флензбург од осминафиналето од Лигата на шампионите. Сето ова ги наведе на ваков предлог, а се бара и итна имунизација на сите ракометари за да може одново да се игра на високо ниво.