По Шундовски, и Тамше се сели во Катар

По неколку месеци чекање, се чини дека словенечкиот стратег Бранко Тамше ја доби вистинската понуда.

Скапиот тренер, повеќекратен освојувач на титули во Словенија, беше споменуван за тренерската позиција во Еурофарм Пелистер пред да дојде Бабиќ, но не беше договорена соработка.

Според информациите на словенечка „Екипа“, Тамше од септември се сели во Катар и би требало да го води тимот на Ал Сад.

Во оваа земја, во тимот на Ал Рајан, се сели и македонскиот стратег Звонко Шундовски.