По Штербик, уште една легенда на Веспрем оди во пензија

Поранешниот репрезентативен голман на Унгарија и долгогодишен член на Веспрем, Нандор Фазекаш одлучи да стави крај на својата кариера.

Во својата 43-та година од животот, Фазекаш официјално престанува со активно играње ракомет како голман на Балатонфуреди. Главна причина за оваа одлука се честите повреди во последниот период и операцијата на коленото која ја имаше пред две недели.

Во својата професионална кариера Нандор Фазекаш има настапувано за Дунафер, Веспрем, Либек, Гумерсбах, Балинген, Ал Џаиш и актуелниот клуб Балатонфуреди.

Во периодот кога настапуваше за Гумерсбах во 2009 година го освои ЕХФ Купот. Со Веспрем исто така има големи успеси и беше осумкратен шампион на Унгарија.