Уште еден ракометар ја прекина кариерата поради стрес

Репрезентативецот на Исланд, Кристијан Кристијансон, кој моментално го носи дресот на францускиот суперлигаш Екс ан Прованс, одлучи да паузира одреден временски период, бидејќи има сиптоми на стрес.

За потсетување, пред извесен период, поради истата причина, од ракометните терени се повлече Микаел Хансен. Еден од најдобрите ракометари на светот исто како и Кристијансон ќе паузира на неодредено време.

Исландскиот ракометар изјави дека за оваа одлука се советувал со психолог и со медицински персонал. По направените консултации, тој одлучил да се посвети на своето здравје и не се знае точно кога ќе се врати на ракометните терени.

,,Се чувствував како да прегорев. За оваа одлука разговарав со медицински персонал, но и со психолог. Морав да земам отсуство и да се повлечам”, изјави Кристијансон за исландскиот медиум „Висир“.

Кристијансон со репрезентацијата на Исланд на Светското првенство 2023, кое се одржуваше во Полска и Шведска го освои 12 место на Мундијалот.

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмудсон нема да може да смета на Кристијансон за двата натпревари против селекцијата на Чешка во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Исланд на 8 март ќе и гостува на Чешка во Брно, додека реванш средбата е закажана за 11 март во Рејкјавик. Исланд освен со Чешка, се наоѓа во група и со репрезентациите на Естонија и Израел.