По Хансен, ПСЖ ќе остане без уште една ѕвезда во 2022 година!

Данскиот репрезентативец Микел Хансен ќе си замине од ПСЖ во 2022 година, а следното лето францускиот тим ќе остане без уште една ѕвезда.

Станува збор за голманот Венсан Жерар, кој нема да го продолжи договорот со тимот предводен од екс вардаровиот стратег, Раул Гонзалес.

Тој во 2022 година ќе се пресели во составот на Сен Рафаел, со кој потпишал договор на три сезони, a клубот веќе го официјализираше трансферот.

Неговата замена во ПСЖ би требало да биде норвешкиот репрезентативец Торнбјорн Бергеруд, кој заминува од Фленсбург и следната сезона ќе ја одигра во данскиот ГОГ Гудме.