„По тренингот, полиција ми дојде на врата – се чувствував како дилер на дрога“

Искусната голманка на репрезентацијата на Шпанија и екипата Рокаса Гран Канарија, Силвија Наваро го продолжи договорот со клубот. Таа беше дел од шпанската репрезентација која го освои сребрениот медал на Светското првенство минатата година во Јапонија.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот и во земјата имаше воведено карантин. Наваро во изјава за marca.com раскажа една непријатна случка со полицијата од периодот кога траеше карантинот во Шпанија додека била на трчање.

„Во специјално избрано време во попладневните часови бев на трчање, бидејќи тогаш има најмалку луѓе надвор. Кога се вратив полицијата пристигна на мојата врата барајќи објаснување. Се чувствував како дилер на дрога. Најмногу од се ме изнервира еден човек кој ме следеше со автомобил еден километар додека возев велосипед и ме нарече неодговорна. Се почувствував многу лошо и го прекинав тренингот и заминав дома“, рече Наваро.

Силвија Наваро иако има 41 годна и понатаму брани во одлична форма во Рокаса Гран Канарија и е стандарден член на реперзентацијата на Шпанија. Наваро пристигна во во 2013 година и наредната сезона ќе и биде осма во клубот.